Парализиран маж е првиот човек кој објави твит користејќи го својот ум благодарение на мал мозочен имплант

1 min read

Парализиран маж од Австралија стана првиот човек кој објави твит преку директно размислување благодарение на мал мозочен имплант, пишува Дејли Меил.

Филип О’Киф (62), кој боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС) поради која не може да ги движи горните екстремитети, напиша на Твитер: „Нема потреба од тастатура или гласови. Овој твит го создадов само размислувајќи.’

Нему му била дијагностицирана АЛС, форма на болест на моторните неврони, во 2015 година и успешно ја претвори својата директна мисла во текст користејќи го интерфејсот за мозочен компјутер Stentrode (BCI) на 23 декември.

Интерфејсот, создаден од Synchron со седиште во Калифорнија – компанија за медицина за невроваскуларна биоелектроника – им овозможува на пациентите да извршуваат задачи на компјутер само со користење на нивниот ум.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Истражување: Која земја ги има најсреќните луѓе во светот?

Следно

Пановски:  Брзото ширење на омикрон ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian