Мраз скршил стакло на авион додека летал на висина од 11.000 метри

1 min read

Авион на Бритиш Ервејз кој летал за Костарика минатата недела удрил во парче мраз кое паднало од друг авион, кршејќи го стаклото на авионот.

Кога мразот го скршил стаклото пред очите на пилотите, авионот бил на речиси 11.000 метри надморска височина, пишува Дејли Мејл, кој наведува дека авионот од кој паднал мразот летал на околу 300 метри поголема височина.

Шансите мразот да ја пробие пилотската кабина се проценуваат на еден во милион.

И покрај се, пилотите успеале да слетаат во Сан Хозе, главниот град на Костарика, но патниците кои требало да се вратат од Костарика со авионот за Велика Британија и да слетаат во Лондон на Божиќ имале вистински проблеми.

Поради поправката, која била итна, околу 200 патници морале да го чекаат пристигнувањето на новиот авион. Обидот за пренасочување на авионот од Јамајка пропаднал, па патниците морале да преноќат во хотелот на аеродромот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Виери ги предупредува „Азурите“: Ќе биде тешко да се победи Македонија

Следно

Рајола е махер за преговарање: Дозволи само Барселона да има попуст за Де Лихт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian