Костадинов со емотивна објава: По десет денари субвенција за секој кубик природен гас, Струмица да биде пример

1 min read

Новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, со емотивен Фејсбук-статус најави дека планира да ги субвенционира со 10 денари од кубен метар семејствата кои ќе одлучат да инсталираат природен гас за да се згреат, а со цел да го реши огромното загадување на овој македонски град.

„Струмицо моја, слушни ме. Јас како поединец сам нема да го решам загадувањето на воздухот. Денеска предложив и Советот ја прифати една од најважните мерки, директна субвенција на цената на природен гас за домаќинствата. На секој потрошен кубен метар природен гас ќе добивате по 10 денари субвенција. Апелирам, користете ја мерката во наредната 2022 година, колку повеќе приклучоци толку почист воздух. Мораме да ја менуваме свеста, се работи за наше заедничко добро. Нека Струмица биде пример за цела држава па и пошироко. Од срце за Струмица“, објави Костадинов на неговиот официјален профил на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Пристигна нов член на семејството Кардашијан-Џенер: Кајли го покажа новото бебе

Следно

Мбапе и Левандовски го кренаа гласот против идејата на ФИФА Мундијалите да се играат на две години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian