Кочо Анѓушев стана почесен конзул во новиот Конзулат на Малта во Македонија

1 min read

Во Скопје денеска официјално е отворен Конзулат на Малта во Македонија и за почесен конзул на оваа островска држава е именуван поранешниот вицепремиер од владата на Заев, проф. д-р Кочо Анѓушев.

Анѓушев на должноста е именуван со указ на претседателот на Малта, Џорџ Вела на 5 октомври годинава, а именувањето е одобрено и од малтешката Влада. Соодветни одобрувања се дадени и од страна на македонската Влада.

Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта, која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460 илјади население, е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме. Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување пред се на економските активности, создавајќи конекции на малтешки стопанственици со нашата држава и да видиме колку производи може да пласираме од кај нас во Малта, рече Анѓушев по повод отворањето на канцеларијата на Конзулатот.

Малта е држава лоцирана во средишниот дел од Средоземното Море, со годишен бруто домашен производ од над 39 илјади долари по глава на жител. Најразвиени сектори се банкарство, ИТ, како и туризмот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Светот со помалку оптимизам ја дочекува 2022 година

Следно

ВИДЕО | Пристигна нов член на семејството Кардашијан-Џенер: Кајли го покажа новото бебе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian