Градежна инспекција на Општина Центар изврши увид на улицата „Питу Гули“ на Водно

1 min read

По реакциите на жителите од улицата „Питу Гули“ и околината, за наводен почеток на градежните работи на Водно, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, постапувајќи по допрен глас излезе на терен.

Од инспекцискиот надзор утврдено е дека инвеститорот, Маркеза ДООЕЛ, поднел барање за издавање на дозвола за градење на 17.12.2020. Градежната дозвола му е издадена на 7.4.2021, а истата станала правосилна на 8.6.2021 година, потпишана од страна на поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

По извршениот увид од страна на овластен градежен инспектор, постапувајќи по Законот за инспекции, утврдено е дека инвеститорот, Маркеза ДООЕЛ не врши градежни дејствија, туку се работи за оградување на плацот, кој е во негова приватна сопственост.

Општина Центар ќе изврши консултации со засегнатите страни и дополнително ќе се разгледа проблемот и заедно со надлежните институции, Градот Скопје и во соработка со жителите ќе се бара решение за состојбата во овој дел од општината.
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

СЗО: Нема да ја исполниме глобалната цел од 40% вакцинирани во секоја земја

Следно

Двејн „The Rock“ Џонсон со уште еден прекрасен гест: Повторно ја изненади својата мајка со неверојатен подарок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian