Франција нуди месечен бонус за медицинските сестри од одделението за интензивна нега

1 min read

Франција од јануари ќе дава дополнителни 100 евра месечно на медицинските сестри кои работат во одделението за интензивна нега, во обид да ги подобри условите за работа на медицинскиот персонал исцрпен од борбата против коронавирусот, изјави денеска премиерот Жан Катекс.

„Ова е за подобрување на работните услови во одделенијата за интензивна нега, како и за признавање на посветеноста и работата на оние кои работат таму“, рече премиерот Катекс за време на посетата на болницата во близина на Париз, пренесува Ројтерс.

Oвој бонус доаѓа во пресрет на поширокиот пакет мерки што ќе ги претстави министерката за здравство Оливија Веран следната недела, поради недостаток на медицински персонал кој е на првата линија на одбрана од коронавирусот.

Брзото ширење на вирусот сој омикрон доведе до зголемување на рекордниот број случаи во Франција, што изврши дополнителен притисок врз единиците за интензивна нега во јавните болници.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина Младен Налетилиќ Тута, осуден воен злосторник

Следно

Костадинов: Секое семејство кое ќе запише прваче ќе добие по две илјади денари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian