ФОТО | Не сака да се откаже од неа: Канје Вест купи куќа спроти вилата на Ким Кардашијан

1 min read

Раперот Канје Вест купил вила која се наоѓа прекупат од куќа чија сопственичка е неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.

Канје за куќата издвоил 4,5 милиони долари. Вилата се наоѓа во луксузниот дел на Лос Анџелес во која се населуваат само познати личности, а се прострира на повеќе од 3.000 метри квадратни и има пет спални соби и три бањи.

Во споредба со вилата во Малибу која ја купи во септември за 57,3 милиони долари изградена во 1955 година, оваа е многу поскромна.

И очигледно, тој толку очајно ја сакал скромната куќа со пет спални соби и четири бањи, што платил 4,5 милиони долари – 421.000 долари над бараната цена на продавачот. Како што наведува „Дејли мејл“, Канје ја платил куќата речиси половина милион повеќе од цената за која се продавала, со цел да биде поблиску до својата поранешна сопруга.

Неговата нова куќа има и голем базен и двориште, како и штала за коњи.

Како што наведува извор близок до раперот, ова е уште една од низата обиди повторно да ја освои Ким, иако досега се обидуваше повеќепати, но безуспешно.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мажот кој се закануваше со експлозив во Бар се предаде на полицијата

Следно

13 намирници кои можат да придонесат за превенција од малигни заболувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian