Дигитално одвиткано мумифицирано тело на египетски фараон по 3.500 години

3 mins read

Со тесната брада, мал нос и витканата коса тој физички наликува на својот татко, изјави радиологот Сахар Салим. Можеби изненадувачки е за некој кој живеел пред околу 3.500 години, тој да има и неверојатно добри заби.

Салим говори за мумифицираното тело на фараонот Аменхотеп I, кралот на воините кој е како енигма, бидејќи тој е една од ретките мумии кои не може да се одвиткаат за да може да се проучуваат, пренесува Гардијан.

Салим, професор по радиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Каиро, е дел од тимот кој успешно го одвитка Аменхотеп I, но тоа не го направија физички, туку дигитално.

За време на проектот беше користена технологија за скенирање на 3Д компјутерска томографија (КТ), а резултатите беа невидени и фасцинантни. Тие даваат детали за неговиот изглед и луксузот на накитот со кој бил погребан.

– Според резултатите што ги добивме, Аменхотеп I имал приближно 35 години кога починал, изјави Салим.

Фото S. SALEEM AND Z. HAWASS / FERRARI / PROFIMEDIA

-Бил висок околу 169 см, обрежан и имал добри заби. Имал 30 амајлии во кориците и уникатен златен појас со златни бисери, додаде таа.

Личел на неговиот татко

Аменхотеп I физички личел на неговиот татко. Имал тесна брада, мал тесен нос, кадрава коса и малку испакнати горни заби. изјави Салем, која е водечки автор на студија објавена во вторникот во списанието Frontiers in Medicine.

Фото S. SALEEM AND Z. HAWASS / FERRARI / PROFIMEDIA

Таа рече дека фактот дека неговите заби биле толку добри сведочи за тоа колку бил „неверојатен“ процесот на мумификација.

– Мумифицираните тела беа добро сочувани. Зачувани се дури и ситни коски во ушите. Нема сомнеж дека забите на Аменхотеп биле добро сочувани. Многу кралски мумии имале лоши заби, но самиот Аменхотеп имал добри заби. Аменхотеп I бил вториот крал од 18-та династија и се качил на тронот по смртта на неговиот татко Ахмос I.

Тој владеел со Египет околу 21 година помеѓу околу 1525 и 1504 година п.н.е..

Неговото име значи „Амун е задоволен“. Неговото кралско име било Гесеркаре – „Света е душата на Ре“ – и се верува дека имал мирно владеење што му давало време да се концентрира на административната организација и изградбата на храмовите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како ја избирате облеката што ја носите: Зошто модата се менува постојано?

Следно

Бебе Реџа со емотивна исповед: Не се чувствувам удобно во сопственото тело

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian