Националниот комитет за византологија и медиевистика на Република Македонија, Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грзданов” при МАНУ и МПЦ – Охридска архиепископија, денеска во МАНУ организираат Научен собир посветен на 650 години од Битката на Марица (1371 – 2021).
На Собирот ќе имаат излагања 14 учесници – историчари, археолози и историчари на уметноста.
Ќе бидат презентирани теми поврзани со Битката на Марица, најзначајниот настан од балканската историја и историјата на македонската национална историја од времето на доцниот 14 век, теми од средновековната археологија поврзани со средновековните локалитети и тврдини од пределите на Пелагонија и Мариово, јадрото на државата на кралот Волкашин и Марко, како и теми поврзани со архитектурата и уметноста на Марков манастир и, воопшто, уметноста од времето на втората половина на 14 век.