ВИДЕО: Македонец го има најубавиот гол во Казахстан во 2021 година

1 min read

Давид Атанаскоски, 25-годишниот лев бек ги брани боите на Шахтер Караганди со чиј клуб годинава го освои седмото место во најсилниот шампионат на Казахстан.

Македонскиот дефанзивец пред да го направи својот прв трансфер во странство, во нашата земја го носеше дресот на Хоризонт, Тетекс, Академија Пандев и Македонија ЃП.

Своевремено беше дел од У21 македонската фудбалска репрезентација тогаш предводена од селекторот Благоја Милевски.

Покрај тоа што имаше настапи во првенството на Казахстан, во тамошниот национален Куп запиша и три голови.

Еден од нив е прогласен за најубав во 2021 година (од фановите за неговиот гол гласаа 34,3%), односно погодокот е реализиран во полуфиналето од куп натпреварувањето против Тобол во победата од 5:2.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фејсбук блокираше македонска фирма поради наводно шпионирање на корисници

Следно

САД се закануваат со санкции против политичари од Република Српска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian