Тешка сообраќајка на „Новоселски пат“ меѓу кола и автобус

1 min read

На  16.12.2021 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Новоселски пат“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки,  управувано од В.С.(72) од Скопје и автобус „евробус“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(35) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото П.С.(71) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Кога зелениот чај прави повеќе штета отколку корист?

Следно

Чешка конечно доби нова влада: Земан ги именуваше министрите предводени од Фијала

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian