Студија: Лекот на „AstraZeneca“ делува против омикрон сојот

1 min read

Комбинацијата на антитела на AstraZeneca  oбезбедува долго дејство  и зашита  и одржува неутрализирачка активност против новиот сој омикрон, соопшти фармацевтската компанија, цитирајќи податоци од нова студија.

Студијата, како што се посочува, обезбеди дополнителни претклинички докази кои покажуваат дека лекот ја задржува активноста на сите досега загрижувачки тестирани варијанти, а независно е спроведена од истражувачи од Управата за храна и лекови на САД (FDA), Центарот за евалуација и Истражување на биолошки препарати.

Работата беше поддржана и од истражувачки фондови на американската влада.

Извршниот потпретседател на оваа компанија, Мене Пангалос, нагласи дека лекот е дизајниран да избегне потенцијална отпорност со појавата на нови варијанти на коронавирус.

 

„Ова е прво антитело со долго дејство што е одобрено за итна употреба во САД за превенција пред изложување на ковид, покрај одобрението во други земји, а во тек се разговори со регулаторите ширум светот во врска со употребата на овој лек во третман на ковид“, рече тој. Пангалос.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Ја удрил со саксија по глава, а потоа со штрафцигер и два ножа внук ја избодел баба си до смрт

Следно

Годинава во светот над 280 милиони луѓе со статус на мигранти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian