Сопругот и ги отсекол рацете, Русија треба да плати 370 илјади евра

1 min read

Животот на Маргарита Грачева засекогаш се промени во 2017 година, кога нејзиниот сопруг ја киднапираше и нападна со секира. Бруталниот напад на човекот на кој му веруваше ја остави Маргарита без раце и надеж за подобро утре, но и систем кој ги штити жртвите. Наскоро ќе и биде уплатен паричниот надоместок на нејзината сметка, но тоа не може да залечи раните и неправдите од минатото.

На Русија и е наложено да и плати отштета од над 370.000 евра на жена на која сопругот и ги отсекол рацете. Европскиот суд за човекови права соопшти дека Русија не успеала да се избори со семејното насилство и и наложи да плати отштета за четири жени кои беа брутално нападнати.

Судот и порача на Русија да направи итни промени за да се запрат ваквите напади во иднина. Во соопштението се наведува и дека семејното насилство врз жените се случува во „неверојатни размери“ и дека Русија прекршила два члена од Европската конвенција за човекови права.

Нејзината осакатена лева рака била извлечена од шумата и сошиена. По серија операции добила протеза за десната рака.

Нејзиниот сега поранешен сопруг Дмитриј Грачев е осуден на 14 години затвор.

Судот рече дека случајот на Маргарита Грачева покажал дека руските закони предвидуваат властите да не мора да забележуваат семејно насилство додека не ескалира и не доведе до физички повреди.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Празнична магија на трпезата: Неодоливи идеи и рецепти од Сузана Аврамоска

Следно

Заев ја напушта функцијата во среда, во оставка ќе биде и целата Влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian