Лига на нации, според многумина натпреварување на УЕФА кое нема никаков шарм…Тоа е веќе минато! Подгответе се за нова Лига на нации која се најавува дека ќе биде спектакуларна!
Промената што се подготвува дефинитивно ќе го направи ова натпреварување далеку поинтересно и попривлечно за гледачите.
Информациите велат дека земјите од Јужна Америка наскоро ќе се приклучат на Лигата на нациите!
– Ова е последна Лига на нации во овој формат. Имавме состанок со конфедерацијата на јужноамериканските земји, од 2024 година тие ќе ни се придружат – рече за полскиот медиум „Мечики“, Збигњев Боњек, потпретседател на УЕФА.
Во Лигата „А“ би играле Аргентина, Бразил, Колумбија, Чиле, Перу и Уругвај. Останатите четири репрезентации – Боливија, Еквадор, Парагвај и Венецуела – би биле дел од Лигата „Б“.
Ова сигурно би било повеќе од огромен мотив и за македонската А репрезентација еден ден биде дел и од Лигата „А“.
Каква група на смртта: Италија, Англија и Германија ќе играат меѓу себе во Лигата на нации