Рецепти за три традиционални посни колачи, задолжителни за трпезата за Свети Никола

3 mins read

Без разлика што оваа година повеќето од вас празникот ќе го слават само со семејството поради пандемијата, трпезата за Свети Никола мора да биде богата.

Ви предлагаме да подготвите три традиционални деликатеси за Свети Никола кои можат да стојат со денови и секој ден да имаат сè подобар вкус:

БАКЛАВА

Фото: Профимедиа

Потребни состојки:
– 1 пакување кора за баклава
– 500 грама ореви
– малку шеќер
– 200 грама суво грозје
– 200 грама маргарин

За шербетот:
– 1 литар вода
– 1 кг шеќер
– 1 цел лимон

Подготовка:
Измешајте ги мелените ореви, шеќерот и сувото грозје. Потоа на плех ставете ја кората за баклава па посипете ја со мешавина од ореви, шеќер и суво грозје. Потоа ставете втора кора и редете додека целосно да се потроши материјалот. Потоа баклавата исечкајте ја на ромбоиди и прелијте ја со врел, растопен маргарин.

Баклавата печете ја околу 20 минути на 200 Целзиусови степени. Врелата баклава прелијте ја со ладен шербет, а шербетот пригответе го така што ќе измешате вода и шеќер и измиене и исечен на кругови, лимон. Кога ќе зоврие шербетот, оставете ја настрана да се излади, а потоа прелијте ја со него баклавата. Оставете ја баклавата да го впие шербетот и добро да се излади.

БАЈАДЕРИ

Фото: Профимедиа

Потребни состојки:
– 300 гр посни мелени бисквити
– 200 гр мелени ореви
– 250 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 10 лажици вода
– 200 гр посен маргарин
– 150 гр посно чоколадо за готвење.

За глазура:
– 200 грама темно чоколадо
– 3 лажици масло

Подготовка:
Во шерпата истурете ги шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете вода и варете додека не зоврие. Тргнете го од оган, па додадете го маргаринот и мешајте додека не се растопи. Додадете мелени бисквити и мелени ореви и се убаво измешајте. Смесата се дели на два дела, во едниот се додава растопеното чоколадо за готвење, а другиот дел останува жолт. Во правоаголниот плех нанесете ги кафеавиот, а потоа жолтиот дел. Ставете ја смесата во фрижидер да се стегне.

За глазура: растопете ја чоколадата со маслото и прелијте го колачот со врелата глазура. Кога колачот ќе се стегне, се сече на штангли и се сервира.

ОРАСНИЦИ

Фото: Профимедиа

Состојки за посни орасници:
– 300 гр мелени ореви
– 250 гр посен маргарин
– 600 гр шеќер во прав
– 300 гр брашно
– 1 прашок за печиво

Подготовка:
Рачно измешајте ги шеќерот во прав и маргаринот. Потоа додадете мелени ореви, брашно и прашок за печиво. Месете ја смесата додека не почне да се одвојува од тавата. Наполнете до половина од калапите за орасници или модлите за кифлички и печете 10 минути на температура од 160 степени. По желба, пред печењето, орасниците може лесно да се посипат со сечкани ореви.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Битиќи: Со Стратегијата за „паметна специјализација” ќе се издвојат секторите со најголем потенцијал за развој за побрз и одржлив раст на економијата

Следно

Бесплатниот јавен превоз ќе се воведува етапно, ќе има и нови автобуски линии, најави Арсовска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian