Бугарскиот премиер Кирил Петков е во прва работна посета на странство по преземањето на премиерската функција. Петков за Брисел заминува со вицепремиерот Асен Василев и министерката за надворешни работи Теодора Ганчовска.
Во главниот град на Белгија, Петков ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Во фокусот на разговорите со европските лидери ќе бидат состојбите во енергетскиот сектор и растот на цените на енергијата, Планот за закрепнување и одржливост, борбата против корупцијата и процесот на проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан.
Со генералниот секретар на НАТО, бугарскиот премиер ќе разговара за безбедносните предизвици во регионот на Црното Море и Југоисточна Европа.
Радев: Бугарите во Северна Македонија мора да бидат спомнати во Уставот