Ѓорѓиевски: Обезбедивме компјутер за секој наставник од училиштата во Кисела Вода

2 mins read

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го посети ООУ “Кирил Пејчиновиќ” во кое, како и во сите останати 10 училишта во општина Кисела Вода, денес беше реализиран проектот „Компјутер за секој наставник“, кој има за цел подигнување на квалитетот на наставниот процес во општинските училишта.

-За секоја училница од сите 11 објекти, од 8те централни и трите подрачни училишта, Општина Кисела Вода, преку донации обезбеди компјутер за наставниците. На овој начин, тие ќе можат во целост да си ги извршуваат своите обврски на работното место. Ова е посебно значајно бидејќи од оваа учебна година дневникот постои само во електронска форма, но и поради фактот што се обезбедува поквалитетно изведување на онлајн наставата за учениците кои се во изолација. Воедно, ова ќе помогне и во подобра примена на ИКТ во наставата, изјави градоначалникот при посетата.

Додаде дека oпремувањето на училиштата со научно-наставен материјал е само првиот од големиот број проекти поврзани со подобрувањето на условите во училиштата, кои се зацртани во неговата програма.

– Сакам да нагласам дека обезбедувањето на компјутер за сите 221 училници колку што ги има во општинските училишта е првиот од бројните проекти кои ќе ги релизираме во периодот што доаѓа. Опремувањето на училиштата со научно-наставен материјал и подобрувањето на условите за работа се еден од врвните приоритети во мојата работа. Потврда за тоа е и реализацијата на денешниот проект, кој се случува во вториот месец од моето преземање на градоначалничката функција, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Водич за преживување на празниците за девојките и жените кои се сами

Следно

Германски министер за здравство: Земјата се соочува со огромен петти бран на пандемијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian