„Омикрон“ се размножува побрзо во дишните патишта и побавно во белите дробови

5 mins read

Омикрон се размножува поинаку од другите варијанти на коронавирусот во респираторниот тракт и белите дробови, објавија научници, додавајќи дека ова знаење може да помогне да се предвиди дејството на варијантата и последиците што таа ги остава врз здравјето.

Тие објаснија дека „омикрон“ се размножува побрзо во дишните патишта и побавно во самите бели дробови.

Во споредба со претходната варијанта на коронавирусот, „делта“, „омикрон“ се размножува 70 пати побрзо во ткивата што ги обложуваат дишните патишта, што може да го олесни неговото пренесување од човек на човек, велат научниците.

Но, во ткивата на белите дробови, „омикрон“ се реплицира 10 пати побавно од оригиналната верзија на коронавирусот, што може да резултира со развој на не толку тешка форма на болеста.

Во соопштението за печатот издадено од Универзитетот во Хонг Конг, д-р Мајкл Чан Чи-Ваи, кој ја водеше студијата, напиша: „Важно е да се напомене дека тежината на болеста што се развива кај луѓето не се одредува само од репликацијата на вирусот“, туку и од имунолошкиот одговор на поединецот на инфекцијата, која понекогаш се развива во воспаление опасно по живот“.

Во тек е финалниот експертски преглед на официјалниот извештај од резултатите од истражувањето за „омикрон“, по што тимот на истражувачи од Хонг Конг ќе го објави во стручно списание.

„Ако зарази голем број луѓе, овој високо заразен вирус може да предизвика потешка форма на болеста, па дури и смрт, иако самиот вирус е веројатно помалку патоген. Затоа, ако ги земеме предвид резултатите од сите неодамнешни студии кои покажуваат дека „омикрон“ може делумно да го избегне природно стекнатиот имунитет, како и оној што се постигнува со вакцинација, севкупната закана од оваа варијанта многу веројатно би можела да биде висока“.

„Омикрон“ поцврсто се врзува за клетките

Начинот на кој „омикрон“ се врзува за клетките и антителата фрла нова светлина врз неговото однесување и може да помогне во создавањето неутрализирачки антитела, велат научниците.

Користејќи компјутерски модели на „спајк“ протеинот на површината на „омикрон“, експертите ги анализираа молекуларните интеракции што се случуваат кога протеинот се врзува за ACE2 рецепторите, што му овозможува на вирусот да навлезе во клетката.

„Оригиналниот вирус сам управуваше со АCЕ2 протеинот, а во случајот со „омикрон“, таа интеракција повеќе личи на интеракција на пар кој се држи за раце со испреплетени прсти“, објасни Џозеф Лубин од Универзитетот Ратгерс во Њу Џерси.

„Молекуларната анатомија, подвид на микроскопската анатомија која ги идентификува и опишува молекуларните структури на клетките, ткивата и органите во телото, може да помогне да се разјасни како мутациите на „омикрон“ соработуваат и на тој начин помагаат да се инфицираат клетките“, рече Лубин.

Истражувачкиот тим направи модел на „шилец“ со различни видови антитела кои се обиделе да го нападнат. Тие појаснија дека антителата напаѓаат од различни агли.

Се чини дека некои антитела ќе „отпаднат“ во тој процес, додека други веројатно ќе останат ефективни.

„Дополнителните вакцини без сомнение го зголемуваат нивото на антитела“, рече Лубин.

Четири од 10 заразени луѓе несвесно го шират вирусот

Заразените лица без симптоми може значително да придонесат за пренесување на САРС-КоВ-2, со оглед на тоа што тие сочинуваат 40,5 отсто од потврдените инфекции ширум светот, се резултатите од студијата објавена од ЈАМА.

Истражувачите здружија податоци од 77 претходно спроведени студии во кои беа вклучени вкупно 19.884 луѓе со потврдена инфекција САРС-КоВ-2.

Откриле дека околу 40 отсто од заразените се асимптоматски. Исто така, откриени се 54 проценти од заразените трудници, 53 проценти од заразените патници додека патуваат со авион или крстарење, 48 проценти од заразените луѓе во домовите за стари лица и 30 проценти од заразените во здравствените установи, без разлика дали се вработени или хоспитализирани.

Вкупниот број на асимптоматски инфекции во Северна Америка беше околу 46 отсто, во Европа околу 44 отсто и во Азија 28 отсто.

„Високиот процент на асимптоматски инфекции укажува на потенцијален ризик од асимптоматско пренесување на инфекцијата во заедниците“, напишаа Мин Лиу и неговите колеги од Кинескиот универзитет во Пекинг.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Пред две години милиони туристи, а годинава само 45

Следно

Приведен крадец од Скопје баран со потерница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian