Македонија со 24 ракометари во подготовките за Европското првенство 2022

2 mins read

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација на 22 декември 2021 година со почеток во 12.00 часот во Хотел „Александар Палас“ во Скопје ги започнува припремните активности за настап на претстојното Европското првенство (13-30 јануари 2022 година) во Унгарија и Словачка.

По завршувањето на собирот во Хотел „Александар Палас“, нашата селекција со организиран превоз ќе замине за Маврово каде ќе биде одработен првиот дел од подготовките. За време на припремниот период пред настапот на ЕП, македонските ракометари ќе одиграат пријателски контролни натпревари со машките сениорски репрезентации на Кувајт и Израел.

Натпреварите со Кувајт ќе бидат одиграни во рамки на првиот дел од припремиот период во Маврово на 27 и 29 декември 2021 година, додека контролните натпревари со репрезентацијата на Израел ќе бидат одиграни во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 3 и 4 јануари за време на вториот дел од подготовките во Скопје во период од 1 до 11 јануари 2022 година.

Потсетување дека Македонија на Европското првенство ќе игра во групата „А“ заедно со националните селекции на Словенија, Данска и Црна Гора, а натпреварите ќе бидат одиграни во „ФОНИКС АРЕНА“ во Дебрецен, Унгарија.

Мечевите на македонската ракометна селекција на Европското првенство EHF EURO 2022 се со следниот распоред:

13 јануари 2022 год. Словенија – Македонија (18.00 часот)
15 јануари 2022 год. Македонија – Црна Гора (18.00 часот)
17 јануари 2022 год. Македонија – Данска (20.30 часот)

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ:

1.МИТРЕВСКИ НИКОЛА, ПОРТО (Португалија)
2.ТОМОВСКИ МАРТИН РК ВАРДАР 1961
3.КИЗИЌ МАРКО РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

4.КУЗМАНОСКИ ЦВЕТАН РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
5.МАЏОВСКИ БОЈАН РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
6.ОЈЛЕСКИ ГОЦЕ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
7.ГЕОРГИЕВСКИ ГОЦЕ РК ВАРДАР 1961
8.КОСТЕСКИ НЕНАД РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

9.СТОИЛОВ СТОЈАНЧЕ РК ВАРДАР 1961
10.ПЕШЕВСКИ ЖАРКО ТВБ 1898 ШТУТГАРТ (Германија)
11.МАРКОСКИ НИКОЛА РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

12.ТАЛЕСКИ ФИЛИП РК ВАРДАР 1961
13.КУЗМАНОВСКИ ФИЛИП ТСВ ХАНОВЕР-БУРГДОРФ (Германија)
14.МЛАДЕНОВИЌ МИХАЈЛО ГРК ОХРИД
15.МИРКУЛОВСКИ ФИЛИП ХСГ ВЕЦЛАР (Германија)
16.МИШЕВСКИ МАРКО РК ВАРДАР 1961
17.ЃОРГИЕВ ИГОР РК АЛКАЛОИД
18.ВЕЛКОВСКИ МАРТИН РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
19.СЕРАФИМОВ МАРТИН РК АЛКАЛОИД
20.МАРКО МИТЕВ РК БУТЕЛ
21.ГОРАН КРСТЕВСКИ ЧСШ ФОШАНИ 2007 (Романија)
22.КОСТАДИН ПЕТРОВ РК МЕТАЛУРГ
23.КРИСТИЈАН СИМОНОСКИ РК АЛКАЛОИД
24.ЛАЗАРОВ КИРИЛ НАНТ (Франција)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шекеринска: Нема да учествувам во следната влада

Следно

Средба Петков – Столтенберг: Бугарија ќе продолжи да ги модернизира своите вооружени сили

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian