Крај на соработката – Ериксен и Интер го раскинаа договорот

1 min read

Данецот доживеа срцев удар на стартот од Европското првенство годинава, а со брзата реакција на лекарите беше спасен животот на играчот од средниот ред на „нераѕурите“.

Кристијан Ериксен и Интер го раскинаа договорот за соработка, пренесуваа новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил, а наскоро се очекува и потврда од италијанскиот клуб.

По поставувањето на дефибрилаторот, репрезентативецот на Данска доби дозвола да продолжи да игра фудбал. Но, тоа нема да може да го направи во Италија, каде што постои правило кое забранува настапи на играчи кои имаат било какви срцеви проблеми.

Поради тоа, но и поради темелното опоравување, Ериксен и натаму нема настап по Европското првенство, а Интер потврди дека е прекината соработката со Кристијан. Договорот беше потпишан до 2024 година.

Во последните неколку недели Ериксен тренира со Одензе, воедно се шпекулира дека својата кариера 29-годишниот фудбалер би можел да ја продолжи во Англија, Холандија, Данска..

Ериксен својата професионална кариера ја започна во Ајакс, чии бои ги бранеше од 2010 до 2013 година. Потоа се пресели во редовите на Тотенхем за кој играше до лани и направи трансфер Интер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗ: Од август до вчера заразени од ковид околу 70.000 граѓани, починале 2.272 лица

Следно

Интервју со нашите претставници од „Дајте музика“: Ако победиме на Детската Евровизија, ќе ја поканиме Грета Тунберг во Македонија!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian