Во последниот натпревар за оваа година, Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Радовиш, со резултат 34:25 во рамките од домашната Суперлига.
Прво име во победничкиот табор беше Костески кој постигна девет погодоци, а на спротивната страна Вујниќ запиша шест голови.
На табелата врвот го делат Е. Пелистер и Вардар 1961 со по 43 бодови, а Радовиш е последнопласиран со три.
Се одигра уште еден меч денеска во шампионатот, Струга беше убедлива над Металург со 35:21. За стружани најефикасен беше Бајрактаревиќ со 10 голови, а во тимот од Автокоманда Лазаревски запиша седум голови.
Суперлига (мажи)
16. коло, резултати –
Струга – Металург 35:21
Вардар 1961 – Бутел 36:21
Радовиш – Е. Пелистер 25:34
Табела: Е. Пелистер 43 бодови, Вардар 1961 43, Бутел 33, Е. Пелистер 2 29, Тиквеш 24, Т. Пролет 24, Охрид 22, Металург 21, Прилеп 15, Струга 13, Скопје 2020 6, Радовиш 3.
Вардар 1961 победнички ја заврши годината во домашната Суперлига