Како да знаете дали сте заразени со омикрон? Ова се најчестите симптоми

2 mins read

Научното списание „Бритиш медикал журнал“ ги објави најчестите симптоми на заразата со омикрон.

Податоците за најчесто пријавените симптоми на омикрон се собрани во студијата спроведена од здравствената компанија „Зои“ во соработка со Кралскиот колеџ во Лондон.

Петте најчесто пријавени симптоми се:
– течење на носот
– главоболка
– замор (и благ и тежок)
– кивање
– болка во грлото

Првичната анализа беше спроведена на потврдени случаи на омикрон во Лондон. Главниот град на Велика Британија е избран поради поголемото присуство на омикрон отколку во другите делови на Обединетото Кралство.

Кои други симптоми се на списокот?

На списокот на симптоми што го објави британската влада се наоѓаат и температурата, кашлицата и губењето на сетилата за мирис и вкус, кои беа најчестите симптоми на оригиналната алфа варијанта на коронавирусот.

Тим Спектор, водечки научник на истражувањето на симптомите на омикрон, вели дека барал да се ажурира списокот на симптоми откако се појавила варијантата делта.

– Пораките што ги испратија од Владата не беа доволно јасни. Мислам дека повеќето луѓе ги препознаваат симптомите налик на настинка. Јас на тој попис едноставно би додал „симптоми слични на настинка“. Мора да ги едуцираме луѓето, да се вратиме на основите и да кажеме: ако имате симптоми на настинка, држете се подалеку од луѓето. Не треба да ги чекате оние класични симптоми на ковид – рекол Спектор.

„Јавноста мора да биде свесна за симптомите на кои треба да внимава“

За да ги споредат симптомите на делта и омикрон, биле земени податоци за симптомите на делта од неделата кога тој сој беше доминантен и споредени со најновите податоци (3-10 декември 2021 година). Првичната анализа не покажала јасни разлики во раните симптоми на делта и омикрон (три дена по тестирањето).

Спектор рекол дека е клучно јавноста да биде свесна за симптомите на кои треба да внимава, особено во областите каде што има висока стапка на зараза со омикрон.

– Ако имате симптоми кои потсетуваат на блага или тешка настинка, голема е веројатноста да имате ковид-19 ако во моментов се наоѓате во подрачје како што е Лондон во моментов – рекол тој.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: Косово е најуспешен проект на американската и европската дипломатија

Следно

По бројните љубовни разочарувања, следи ГОЛЕМА промена за овие знаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian