Германски министер за здравство: Земјата се соочува со огромен петти бран на пандемијата

1 min read

Германија се соочува со огромен петти бран на пандемијата на коронавирусот предизвикана од варијантата омикрон, што ќе го стави здравствениот систем под сериозен притисок, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах, јави ДПА.

– Претпоставувам масивен петти бран, рече Лаутербах во Хановер. – Мораме да претпоставиме дека бранот со омикрон варијантата, со кој сега се соочуваме, а кој според мене не можеме да го спречиме, ќе претставува огромен предизвик за нашите болници, нашите единици за интензивна нега и за општеството како целина.

– Тој предизвик може да биде п голем од кој било досега, рече министерот, посочувајќи на британското искуство со бранот со омикрон.

– Дури и ако симптомите на болеста се покажаа поблаги, тоа нема да направи разлика, рече тој. Веројатно бројот на смртни случаи би можел да се движи во надолна линија две до три недели, но со порастот на инфекции тоа ќе запре.

Поради божиќниот период, кога традиционално се собираат германските семејства, Лаутербах апелираше до патниците да се тестираат, по можност повеќе од еднаш.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓорѓиевски: Обезбедивме компјутер за секој наставник од училиштата во Кисела Вода

Следно

Директор на основно училиште во општина Теарце си ја вработил ќерката, ДКСК бара да одговара

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian