Дисциплинската комисијата на Фудбалската федерација на Македонија одлучи да го казни моментно водечкиот во Првата лига, Шкупи.
Фудбалскиот клуб од Чаир доби парична казна од 5000 евра после сето она што се случуваше на дербито против Шкендија.
Тетовската Шкендија не беше задоволна од организацијата, лошиот однос од домаќинот и од публиката на стадионот во Чаир, по што следуваше соопштение пред јавноста од тој клуб.
Воедно играчите на тренерот Гоце Седлоски следните два домашни меча ќе ги игра пред празни трибини.
Односно во февруари следната година без поддршката од своите верни навивачи, Шкупи ќе игра против Академија Пандев и Тиквеш.
Груби за инцидентите на стадионите: МВР и ФФМ да реагираат, насилството мора да запре