Ќе останам бездомник: Канје Вест го откри својот план да го распродаде и претвори во цркви својот имот во рок од една година

3 mins read

Канје Вест го откри својот план да остане бездомник една година и да ја трансформира својата империја со недвижнини во цркви и сиропиталиште по разделбата со Ким Кардашијан.

Ѕвездата на „Keeping Up With the Kardashians“ ја сподели својата цел да го отстрани презимето на раперот од нејзиниот бренд за убавина за време на нејзиното повторно претставување на почетокот на следната година.

Наспроти неа, 44-годишниот Канје го откри својот план да остане бездомник во рок од една година!

канје вест
Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Музичарот се надева дека ќе го трансформира својот недвижен имот во „уметничка комуна“, како што изјавуви во неодамнешно интервју.

„Ние сме под капиталистичка власт и тоа нè убива. Време е тоа да се промени. За една година ќе останам бездомник. Сите домови што ги поседувам ќе ги претворам во цркви“, изјави Канје.

канје вест
Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

„Го правиме ова сиропиталиште и тоа ќе биде место каде секој може да оди. Треба да биде како уметничка комуна. Храната секогаш треба да биде достапна“, продолжи тој.

Ова не беше прв обид на Канје да ги реши бездомништвото и гладта оваа година, бидејќи во ноември тој остави 1.000 оброци во мисија во Лос Анџелес. Основачот на брендот „Yeezy“ исто така покажа четири начини на кои може да им помогне на бездомниците откако ја посети областа „Skid Row“ во градот пред Денот на благодарноста.

канје вест малибу
Фото: Carolyn Chin /MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Новиот бренд на Ким

Невообичаеното интервју на Канје следи по веста дека неговата поранешна сопруга, 41-годишната ѕвезда Ким Кардашијан ќе го релансира својот бренд„KKW Beauty“ на почетокот на следната година, но без иницијалот „W“ за да ја означи својата „независност“ од г-дин Вест („West“).

Ријалити ѕвездата одлучи да го отстрани „Вест“ од насловот на нејзината компанија бидејќи ја ребрендираше целата своја козметичка линија по нејзиното поднесување за развод од раперот во февруари оваа година.

„Таа е благодарна за сè што направил за неа, но сака да каже дека може да го направи тоа без него. Каније беше многу вклучен во процесот на планирање на „KKW“, неговиот придонес силно влијаеше на она што на крајот беше „KKW Beauty“. Но овој пат, тоа е нејзината визија и сето ова е она што таа цело време го сакаше“, изјавил извор близок на ријалити ѕвездата.

ким кардашијан
Фото: NBC / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

„Новиот бренд ќе се фокусира на тоа да биде повисоко, но сепак привлечен за пошироката публика. Нема да биде неверојатно скапо, но таа сака да изгледа многу скапо. Ѝ беше важно да го направи овој бренд почист и поеколошки“

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Баварската машина „гази“, Баерн лесно и против Волфсбург

Следно

Русите тврдат дека нивната вакцина „спутник“ штити од омикрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian