ЦДУ го избра Фридрих Мерц за нов лидер

1 min read

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Германија избра нов лидер, а овојпат довербата членството му ја додели на Фридрих Мерц кој освои 62 отсто од гласовите и по третиот обид стана лидер на партијата, пишува Политико.

Имено, Мерц во 2018 година веќе еднаш се кандидираше за шеф на ЦДУ, но тогаш победи кандидатката која ја имаше поддршката на поранешната шефица на Ангела Меркел, Анегрет Крамп-Каренбауер. Минатата година кога се одржаа избори за нов партиски лидер, кој ќе ја води партијата во предизборната трка, Мерц загуби од Армин Лашет.

Откако Лашет се повлече поради лошите изборни резултати, ЦДУ мораше повторно да избере лидер, по третпат во само три години. Овојпат Мерц се спротивстави на Норберт Ретген и шефот на кабинетот на поранешната канцеларка Меркел, Хелге Браун.

Претседателката на партиската изборна комисија Ивон Магвас објави дека преку интернет гласале 132.617 членови, а по пошта 115.743, што е 66,02 отсто од членовите со право на глас.

Мерц освои 62,1 отсто од гласовите, Ретген 25,8 отсто и Браун 12,1 отсто.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бесплатниот јавен превоз ќе се воведува етапно, ќе има и нови автобуски линии, најави Арсовска

Следно

Владата донесе неколку одлуки во врска со претстојната сесија на Отворен Балкан во Тирана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian