Брутално ликвидирана мексиканска актерка додека го чекала својот син да заврши со тренинг

2 mins read

Мексиканската актерка и пејачка Тања Мендоза е убиена пред спортски комплекс додека го чекала нејзиниот 11-годишен син да го заврши тренингот во фудбалската академија во државата Морелос.

Актерката чекала заедно со другите родители кога со мотор поминале двајца вооружени мажи. Еден од нив пукал во неа неколку пати, а потоа со соучесникот побегнал.

принтскрин Инстаграм

Ова убиство не е изолиран случај, според официјалните податоци минатата година во Мексико биле убиени повеќе од 3.600 жени.

Организацијата за човекови права Амнести интернешнал објави дека околу една третина од жртвите, од кои 940, биле убиени со предумисла, а причина за убиството е исклучиво нивниот пол, нарекувајќи го „шокантна епидемија“.

Мендоза (42) се прослави во 2005 година откако глумеше во Ла Мера Реина дел Сур. Глумеше и во бројни сапуници, но во последните години беше посветена на пејачката кариера и сними пет албуми.

Во 2010 година била киднапирана од перална за автомобили со нејзиниот сопруг и синот, кој тогаш имал шест месеци. Оттогаш, таа пријавила неколку смртни закани до Канцеларијата на државниот обвинител Морелос.

Засега не е јасно кој стои зад убиството на Мендоза, ниту пак кој е мотивот за убиството По пукањето полицијата почнала да трага по осомничените, но досега никој не е уапсен.

Обвинителството соопшти дека случајот ќе се истражува како фемицид, иако не беа соопштени детали.

Да потсетиме, Мексико страда од високо ниво на криминал, а голем дел од него е поврзан со нарко-картели. Фемицидот е сè поголема загриженост, но и покрај зголемениот број движења кои се залагаат за подигање на свеста за ова прашање, властите не успеваат да го спречат порастот на убиствата.

Според Амнести, случаите за убиство на жени ретко се истражуваат и повеќето насилници остануваат неказнети.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска: За две години целосно ќе се имплементира бесплатниот јавен превоз

Следно

МЗ: Од август до вчера заразени од ковид околу 70.000 граѓани, починале 2.272 лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian