Арсовска го прифати барањето за колективниот договор на пожарникарите

2 mins read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера оствари средба со претседателот на Синдикатот на пожарникарите, Тони Бошковски, генералниот секретар на Независниот синдикат на пожарникарите Боби Вељаноски, како и заменик командантот на Противпожарната бригада Скопје Звонко Томески, на која разговараа за отворање на Колективниот договор за обезбедување на основните барања на пожарникарите.

Од Град Скопје велат дека поради несовесно работење на сегашниот командант на Противпожарната бригада Скопје, Владимир Симоновски пожарникарите, континуирано се соочуваат со притисоци, проблеми и нереализирање на работничките права кои ги имаат. 

Тие на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот.

Арсовска го прифати барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите.

Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите.

Дополнително договорено е и да се исплати тоа што досега им беше ускратено односно да се исплати надомест за работа во ден на неделен одмор и разликата од основата од онаа која досега исплаќана според членот 13 од Законот за пожарникарство.

Овој горлив проблем, кој претходниот градоначалник не успеа да го реши во својот мандат од четири години, Град Скопје го решава уште во првите 82 дена од мандатот на градоначалничката Арсовска, стои во соопштението од Град Скопје. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 17 декември: Одличен ден за работа, сè оди во ваш прилог

Следно

Трагедија во Лондон: Во пожар загинале 4 деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian