ВИДЕО: Невообичаено невреме во САД крена облак од заслепувачка прашина, пет лица загинаа

1 min read

Најмалку пет лица загинаа во силниот и исклучително необичен бурен ветер што го погоди средниот запад на Соединетите држави во услови на неочекувано високи температури за овој период од годината.

Невремето ги погоди државите Небраска, Ајова и Минесота.

Во југоисточна Минесота, шерифот на округот Олмстед, Ли Росман, објави дека 65-годишен маж починал во средата навечер кога врз него паднало дрво на 12 метри пред неговата куќа, јавува АП.

Во југозападниот дел на Канзас, невремето вчера подигна облак од заслепувачка прашина што доведе до две одделни сообраќајни несреќи во кои загинаа три лица, додека во источниот дел на Ајова во средата вечерта силен налет на ветер преврте камион со приколка и го уби возачот.

Повеќе од 400.000 домови и компании останаа без струја во Мичиген, Висконсин, Ајова и Канзас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Месечина во Близнаци: Доаѓа невидена среќа во љубовта за овие хороскопски знаци

Следно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Моментот на сударот на двете возила во Батинци во кој загина едно лице

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian