ВИДЕО: Моментот пред сударот на двете возила во Батинци во кој загина едно лице

1 min read

„Слободен печат“ ја обезбеди снимката од безбедносните камери од објектите лоцирани во близина на патот каде се случи сообраќајната несреќа во скопското село Батинци. Во несреќата, како што објавивме, загина едно лице.

Според полицискиот извештај, сообраќајната несреќа во село Батинци се случи среда вечер околу 20 часот.

„Во село Батинци собраќајката се случи помеѓу автомобил Шкода Октавија управувана од Н.Р од село Батинци и автомобил со марка БМВ. Во незгодата Н.Р. починал од повредите, додека возачот на автомобилот БМВ е испратен на лекување во Клинички центар“, соопшти МВР.

На целосната снимка која ја поседува редакцијата на „Слободен печат“ и која е со вознемирувачка содржина, се гледа моментот на невнимателно приклучување на лево на „октавијата“ од паркингот кон главната улица, по што следува ударот на возилото кое вози право, но со поголема брзина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Европските супермаркети престануваат да продаваат говедско поради сечењето на Амазонската прашума

Следно

Радуловиќ: Победата е заслужена, го контролиравме натпреварот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian