Во своето вечерашно гостување во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборуваше за случувањата во Собранието и за тоа кој го има мнозинството.
– ВМРО-ДПМНЕ во моментот има најголем број на пратеници, најголем број градоначалници, најголем број на советници. Нема мнозинство во Собранието поради политичката некултура и поради други работи на кои јавноста беше сведок на тој 11. ноември. Но, тоа е друга тема, рече Мицкоски.
Исто така, Мицкоски потенцираше дека неговата партија ќе работи да има предвремени избори следната година и дека очекува победа на истите.
– Во 2022 година очекувам предвремени парламентарни избори, и ќе работиме да има предвремени парламентарни избори, а потоа очекувам со големо мнозинство ВМРО-ДПМНЕ да ја формира новата влада, стабилна влада која ќе може да се справи со предизвиците кои оваа влада не може да ги реши, вели Мицкоски.