ВИДЕО: Бугарскиот обвинител со букет ја пречека новата министерка, таа му побара оставка

1 min read

Бугарскиот главен обвинител Иван Гешев со букет ја пречека новата министерка за правда Надежда Јорданова. Двајцата се сретнаа пред состанокот на Врховниот судски совет.

„Среќен мандат! Ви посакувам здравје! Успех и соработка со правосудството“, рече обвинителот број 1, подарувајќи и` букет на министерката за правда.

„Сакам да преземете одговорност секогаш кога ќе треба. И дај Боже да разговараме за условите за вашата оставка“, му одговори Јорданова.

„Не грижете се, ќе разговараме за сите прашања кои се во интерес на бугарските граѓани. Овој се сомневам дека е интересно. Имајте убав ден!“, возврати Гешев.

„Луѓето имаат спротивно мислење“, рече министерката за правда.

„Олигарсите веројатно“, одговори Гешев.

Новата бугарска влада на чело со Кирил Петков при конституирањето се заложи за нулта толеранција за корупцијата во државата, а меѓу приоритети беше истакната смената на главниот јавен обвинител Иван Гешев и реформи во обвинителството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фудбалерите ќе имаат поддршка од 1.300 навивачи во Палермо на баражот против Италија

Следно

Процедура за разбивање камења во урогениталните зони со ласерски уред: Дали некогаш сте слушнале за литотрипсија?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian