Уапсен маж од Сарај, ограбил жена во Комплекс клиники

1 min read

На 15.12.2021 во 12.30 часот на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.И.(46) од с.Сарај, скопско.  Тој се сомничи дека претходно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од Г.Ј.(52) од Скопје одзел пари и мобилен телефон.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица А.И. го признал делото.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против А.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Виролог за „омикрон“: Пандемијата на Ковид е слична на онаа од 1890 година

Следно

Виролог од Кембриџ откри дека пандемијата на Ковид оди во добра насока, доколку не се појави поагресивна мутација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian