Стручњаците објаснија: Зошто дебелите луѓе се повеќе подложни на коронавирус?

3 mins read

Од самиот почеток на пандемијата, познато е дека дебелината претставува ризик за тежок ковид и постковид синдром. Од една страна, тоа се должи на полоша физичка состојба, повеќе придружни болести или механички проблеми со дишењето.

Но, тоа не е сѐ. Според една нова, сè уште неверификувана студија, се чини дека коронавирусот директно ги инфицира масните клетки. Покрај тоа, во тешките случаи на ковид, воспалението се случува директно во масните клетки.

– Податоците од нашата студија сугерираат дека инфекцијата на масното ткиво и поврзаниот воспалителен одговор може да бидат една од причините зошто дебелите луѓе имаат толку тежок тек на болеста кога се инфицирани со SARS CoV-2 – вели Кетрин Блиш, професорка на Стенфорд и главен автор на студијата.

Всушност, овие наоди не се сосема нови, бидејќи се чини дека и другите патогени, како што е вирусот на грипот, сакаат да се вгнездат во телесните масти. ACE2 рецепторите служат како влезна врата за продирање на новиот коронавирус SARS CoV-2 во клетките. А, има повеќе од нив во масните клетки отколку во другите клетки, дури и повеќе отколку во белодробното ткиво.

Научниците ги испитувале масните клетки на пациентите што починале од ковид-19. Се покажа дека коронавирусот многу ефикасно ги користи масните клетки како резервоар за прикривање – и на тој начин го надмудрува нашиот имунолошки систем. А, маснотиите во човечкото тело не се ограничени само на местата што ги гледаме на прв поглед, тие го претставуваат опкружувањето во кое се наоѓаат и многу внатрешни органи. Истражувачите открија дека инфицирањето на масните клетки со вирусот SARS-CoV-2 активира цела низа воспаленија. Почнувајќи од маснотиите, може да се прошири на внатрешните органи и тоа на долго време.

Бидејќи на овој начин се пренесува на целото тело, според наодите од оваа студија, може да го зголеми ризикот пациентите да страдаат од постковид синдром со месеци по закрепнувањето од првата инфекција.

– Ако масните клетки се резервоар за вирусни инфекции, дебелината може да придонесе не само за тешка акутна болест, туку и за долгорочен постковид синдром – се наведува во студијата.

Дебелите луѓе со коронавирус имаат 113 отсто поголеми шанси да завршат во болница, 74 отсто поголеми шанси да завршат на интензивна нега и 48 отсто поголеми шанси да умрат од ковид-19.

Кај овие луѓе, многу фактори често се комбинираат во сериозна болест. Така, салото на стомакот ја притиска дијафрагмата, која потоа ги притиска белите дробови. Ова го ограничува протокот на воздух и го намалува волуменот на белите дробови.

Покрај тоа, дебелите луѓе често имаат ослабен имунолошки систем, хронични воспаленија и зголемена склоност кон тромбоза. Ова може да стане ризик во случај на коронавирус. Не само тоа, високиот крвен притисок, болестите на срцето и белите дробови, како и дијабетесот, се многу чести кај дебелите луѓе. Сите овие се дополнителни фактори што можат да го влошат текот на болеста.

Затоа, дебелите луѓе треба дополнително да се чуваат од инфекции.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проблеми за Тухел, Челси на лето ќе остане без комплетната одбрана?!

Следно

Се поставува новогодишната елка во центарот на Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian