Средба на претставници на граничните полиции на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора

1 min read

Претставници на граничните полиции на Албанија, Северна Македонија и Црна Гора, во албанскиот град Корча одржаа трипартитна прекугранична средба, организирана од мисијата на ОБСЕ во Албанија.

Како што објави мисијата на ОБСЕ на официјалната интернет страна посебно внимание било посветено на илегалната миграција, како и начинот на справувања со пандемијата во трите земји.

– Во центарот на состанокот беа предизвиците создадени од пандемијата КОВИД-19 и справувањето со нив. Посебен акцент беше посветен на нерегуларната миграција, која иако беше ограничена за време на минатогодишниот карантин, годинава повторно се зголеми, стои во објавата.

И покрај тешките услови создадени од пандемијата, заедничките патроли меѓу граничните полиции на Албанија и Црна Гора се обновени и договорено е да се обноват и со Северна Македонија.

ОБСЕ ќе прод лжи да ја поддржува граничната полиција во борбата против прекуграничниот криминал и во ефикасно справување со кризи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски: Киев со непроменет курс за приклучувањето кон НАТО

Следно

Проблеми за Тухел, Челси на лето ќе остане без комплетната одбрана?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian