Спасовски: Само бугарските истражни органи можат да споделуваат информации од истрагата за автобуската несреќа

2 mins read

Истрагата за сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија ја водат бугарските истражни органи и само тие се должни и можат да ги споделуваат информациите од неа. Ние прибираме информации и податоци, кои преку меѓународна правна помош се побарани од нас да ги собереме, меѓутоа додека не заврши истрагата и не се соопштат официјално од органот што ја врши истрагата, ние не можеме да влегуваме со давање информации и податоци, одговори министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање зошто со јавноста не се споделуваат информациите за истрагата што се води за сообраќајната несреќа што се случи во автобусот на „Беса транс” во Бугарија.

– Секоја истрага мора да се води во институции, а не преку медиуми, нагласи Спасовски.

Тој најави дека по завршувањето на целосната истрага, извештајот ќе го добијат сите, а за предистражната и истражната постапка што се води овде, како дополнување на истрага во Бугарија, информации ќе бидат споделени во соодветно време.

Министерот Спасовски информира дека во периодот од јануари оваа година, па досега МВР има извршено вонредни контроли на повеќе од 2.300 автобуси и комбиња во државата, а кај околу 400 се пронајдени разни недостатоци, сопирачки или друг дефект што го имаат. Тој нагласи дека овие контроли се вршат во континуитет во изминатиот период, почнувајќи од 2016 година. Се постапува, рече министерот, сериозно и систематски во овој поглед.

Пред новинарите Спасовски истакна дека секој од инспекторатите што бара помош и асистенција во делот на вршење на контрола, МВР одговара.

Тој наведе дека секој има своја надлежност. Оние недостатоци што се третираат во Закон за безбедноста на сообраќајот на патиштата за кои МВР има надлежност, ги извршуваат секојдневно врз основа на планови. Контролата на компаниите за издавање лиценци и сето друго, како што рече Спасовски, за што е задолжен Инспекторатат за транпсорт и врски, се прават според нивни планови и тие се дел од инспекцискиот совет.

– Ако има каква било потреба за каква било размена на податоци и информации тоа го правиме во континуитет, но преземањето активности е исклучиво нивна надлежност, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Северна Кореја им забрани на граѓаните да се смејат и да пијат алкохол

Следно

Младите фудбалери подобри од врсниците од Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian