ШОК: Хамилтон размислува за повлекување од Формула 1?!

1 min read

Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, толку е разочаран со расплетот на последната трка во сезоната, поради што размислува за заминување во пензија, порача првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.

Волф истакна дека целиот тим на Мерцедес, е разочаран со случувањата во Абу Даби каде Макс Ферстапен со победата ја освои титулата.

– Луис никогаш нема да помине преку последната трка. Не можам да ви гарантирам дека ќе продолжи да вози во Формула 1 – изјави Волф.

Последната трка во сезоната во Ф1 за Големата награда на Абу Даби беше пропратена со неколку скандалозни ситуации и тоа од самиот почеток кога не беше отворена истрага за „дуелот“ помеѓу Хамилтон и Ферстапен кога Британецот го презеде првото место иако излезе од патеката.

Во последниот круг, по заминувањето на безбедносното возило од патеката, Ферстапен го помина Хамилтон и на крајот славеше, што значеше и шампионска титула.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Грција освен со ПЦР ќе може да се влезе и со рапид тест, привремената мерка важи за сите над пет години

Следно

Во Грција потврдени вкупно 17 случаи на Омикрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian