Сепак ништо од божиќната вечера: Кралицата Елизабета повторно ја откажа семејната традиција

3 mins read

Кралицата Елизабета ја откажа годишната предбожиќна прослава за семејството втора година по ред поради неверојатно зголементион број на заразени и пандемијата на коронавирус.

95-годишниот монарх традиционално одржува ручек во Бакингемската палата пред Божиќ за пошироките членови на кралското семејство, но одлучи да го откаже повторно оваа година по скорешните големи бројки на новозаразени непосредно пред празникот.

„Одлуката е превентивна бидејќи се чувствува дека ќе ги доведе во опасност божиќните аранжмани на многу луѓе доколку се продолжи. Иако постои огромно жалење што е откажана, сепак се верува дека тоа е вистинската работа за сите засегнати“, се вели од кралскиот двор

Обединетото Кралство во средата забележа најголем број потврдени нови инфекции со Ковид-19 од почетокот на пандемијата за овие изминати речиси две години.

Бакингемската палата сè уште не потврди каде и со кого кралицата Елизабета ќе го прослави Божиќ, прв без нејзиниот сопруг од 73 години, принцот Филип, кој почина во април оваа година на 99-годишна возраст.

Минатата година, исто така, среде пандемијата на коронавирус, кралското семејство ја прекина децениската традиција на поминување на Божиќ во Сандрингам, имотот на кралицата Елизабета во Норфолк.

Наместо тоа, кралицата и Филип го поминаа божиќниот празник во замокот Виндзор, нивниот дом надвор од Лондон, каде што поминаа голем дел од своето време од март 2020 година, кога Велика Британија ги започна препораките и карантините.

 

Во изминатите години, Филип и Елизабет ја надгледуваа семејната повеќедневна божиќна прослава во Сандрингам со нивните четири деца – принцовите Чарлс, Ендру и Едвард и принцезата Ана – и нивните внуци и правнуци.

Кралица елизабета втора божиќна служба
Фото: EPA/MALCOLM CLARKE

Семејството традиционално ја одржува својата размена на подароци на Бадник, следејќи ја германската традиција, каде често менуваат забавни или домашни подароци.

На Божиќ тие пешачат до црквата Света Марија Магдалена на божиќната богослужба.

Кралица елизабета втора божиќна служба
Фото: EPA/JOE GIDDENS / PA WIRE UK AND IRELAND OUT EDITORIAL USE ONLY

По службата, членовите на кралското семејство уживаат во божиќниот ручек во Сандрингам, а потоа се собираат да ја гледаат кралицата Елизабета Втора како ја пренесува својата годишна божиќна порака.

Вечерта, кралското семејство повторно ќе се собере на божиќна вечера на шведска маса со 15 до 20 различни деликатеси подготвени од готвачот на кралицата.

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Грција потврдени вкупно 17 случаи на Омикрон

Следно

Данска достигна нов рекорд: 10.000 нови случаи на коронавирус во еден ден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian