Се поставува новогодишната елка во центарот на Скопје

1 min read

Од Град Скопје информираат дека централното градско подрачје, плоштадот „Македонија“, улицата „Димитрија Чуповски“ и булеварот „Илинден“ од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања.

Оттаму посочуваат дека денеска се поставува и новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“.

– Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје, информираат од прес-службата на Град Скопје.
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Стручњаците објаснија: Зошто дебелите луѓе се повеќе подложни на коронавирус?

Следно

Северна Кореја им забрани на граѓаните да се смејат и да пијат алкохол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian