Прогноза на експертите во Австрија : 3.450 дневно заразени до католички Божиќ и скок од 16.000 заразени дневно во јануари

1 min read

Четвртиот бран на Ковид 19 во Австрија полека слабее а експертите предупредуваат дека појавата на сојот омикрон може да доведе до нов рекорден дневен број на заразени.

Сегашното смирување на заразата е затишје пред бура“, тврдат стручњаците на кои се ангажирани да го следат развојот на Ковид 19 во Австрија.

Појавата на соевите на омикрон, според нив, поради зголемениот потенцијал за ширење, укажува дека ќе бидат надминати рекордите од четвртиот бран на епидемијата.

epa-efe
Се уште е непознато колку овој нов сој на Делта варијантата е поопасен од претходниот основен Делта тип на вирусот / Фото: EPA

Тие нагласуваат дека тоа би можело да се случи веќе на почетокот на јануари.

На врвот на четвртиот бран, на 19 ноември, во Австрија за 24 часа се регистрирани над 15.800 новозаразени лица.
Доколку се остварат прогнозите на експертите, за само неколку недели повторно треба да се смета на повеќе од 16.000 новозаразени лица.

Експертите не можат да предвидат како тоа ќе влијае на болниците, поради недостигот на податоци за омикрон сојот .

Ковид Австрија
Ковид лекари во Австрија/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

До католички Божиќ тие предвидуваат намалување на бројот на новозаразени на околу 3000 новозаразени.

Се очекува до крајот на годината да има значителен пад на хоспитализираните пациенти со Ковид 19 од околу 1000 дневно

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Град Скопје реши 165 барања од граѓаните за десет дена, доставени преку електронската адреса

Следно

И Ахмети се согласи Заев да си оди од Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian