Проблеми за Тухел, Челси на лето ќе остане без комплетната одбрана?!

1 min read

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, можно е идното лето да остане без четворица стандардни играчи во одбраната, Цезар Аспиликуета, Микел Алонсо, Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен.

Преговорите со Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен се во застој и играчите сè уште немаат потпишано нови договори. Кристенсен сака да остане да во Челси, но управата на „сините“ засега не сака да му ги исполни барањата околу новиот договорот. Што се однесува Ридигер, Германецот ги одби сите понуди и најверојанто на лето ќе се пресели во Реал Мадрид.

Дополнителни проблеми на Тухел му создаваат и Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо. На Аспиликуета му истекува договорот на крајот од сезоната, но најверојатно нема да добие понуда за нов. Поради тоа Аспиликуета гледа кон Шпанија од каде интерес за него пројавуваат Барселона и Атлетико Мадрид.
И Алонсо нема да добие нов договор, а за него сериозен интерес пројавуваат Милан и Интер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Средба на претставници на граничните полиции на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора

Следно

Стручњаците објаснија: Зошто дебелите луѓе се повеќе подложни на коронавирус?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian