Пендаровски во среда ќе се обрати пред пратениците во Собранието

2 mins read

Претседателот Стево Пендаровски следната недела, во среда, на 22 декември, ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

Пендаровски, како што веќе е најавено на веб страницата на законодавниот дом, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамки на 56 собраниска седница.

Обраќањето на шефот на државата, според агендата, објавена на собранискиот сајт е најавено за 12 часот.

Пендаровски, како што е вообичаено, ќе говори за актуелните случувања изминатиот период и за очекувањата во следната година. А оваа година тој на пратениците ќе им се обрати во интензивна политичка клима, во момент кога е во тек формирање нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето, со ветување на новата Влада во Софија на Кирил Петков дека процесот на решавање на спорот ќе се забрза, но и споменување на рок од шест месеци за да се стори тоа.

Шефот на државата својот годишен говор во Собранието ќе го одржи во неделата, за кога е најавена оставката на премиерот Зоран Заев. Премиерот во заминување вчера најави дека оставката ќе ја поднесе во текот на наредната седмица и изрази очекување по формализирањето на оставката во Собранието, негов наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски.

Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ким Џонг Ун: Три средби со Трамп, двајца мртви роднини и нуклеарен арсенал

Следно

Мерцедес ја повлече жалбата и му честиташе титула на Ферстапен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian