Оставете ги моите деца на мира, никогаш не би кажал нешто лошо за нивната мајка! Бен Афлек разјасни што сакал да каже со изјавата за алкохолизмот и Џенифер Гарнер

3 mins read

Откако веднаш беше осуден од страна на публиката дека е бесчувствитечен и дрзок кон неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер заради неговиот последен коментар дека бракот со неа го навел кон алкохолизам, Бен Афлек се осврна на реакциите за да се обиде да разјасни што точно мислел, и го возврати ударот на новинарите! 

49-годишниот актер разговараше на темата само еден ден по неговата претходна изјава за време на појавувањето на емисијата „The Tonight Show“ на Џими Кимел во живо.

бен афлек џими кимел
Фото: Принтскрин / YouTube

Во средата вечерта на 15 декември Бен ги разјасни коментарите што неодамна ги даде на шоуто Хауард Стерн, каде што рече дека „веројатно сè уште би пиел“ ако сè уште останеше во несреќен брак со 49-годишната Џенифер Гарнер.

„Никогаш не би сакал моите деца да мислат дека некогаш ќе кажам лош збор за нивната мајка“, сподели Бен со Џими.

бен афлек џими кимел
Фото: Принтскрин / YouTube

Бен – кој ги дели ќерките Виолет (16) и Серафина (12) и синот Семјуел (9) со Џенифер – продолжи раскажувајќи дека не сфатил како би можеле да се исперципираат неговите коментари, и ги разгледал реакциите дури откако му било укажано за тоа по емитувањето на интервјуто, додавајќи дека некои луѓе „го земале разговорот“ и „направиле тоа да изгледа како сосема спротивното од она што го кажав“ со фокусирање само на едно парче од нивниот разговор.

„Продолжив и кажав колку се почитуваме и колку се грижиме еден за друг и се грижиме за нашите деца, ги ставам на прво место и поминав низ нашите работи. И тие рекоа дека ја обвинив мојата поранешна сопруга за мојот алкохолизам и дека сум бил заробен и само ме направија да изгледам како најлошиот, најбесчувствителен, глупав ужасен човек“, му објасни Бен на Џими.

Во своето интервју за Стерн, Бен зборуваше за неговата борба со алкохолизмот и за тоа колку се чувствувал несреќен во бракот со Џенифер, раскажувајќи дека се чувствувал дека не можел да замине поради своите деца, но бидејќи не бил среќен прашањето кое си го поставувал себеси било „Што да направам?“ – а невербализираниот одговор био испивање шише виски и да заспивање на каучот, што се покажало дека не е решение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Иако разбира дека неговиот личен живот често е на насловните страници, Бен објасни дека кога станува збор за неговото семејство мора да повлече линија и да биде јасен.

„Оставете ги моите деца на мира“, директно им порача Бен Афлек на новинарите кои пишуваат за него во таблоидите.

Бен и Џенифер се венчаа во 2005 година, а се разделија во 2015 година. Нивниот развод беше финализиран во 2018 година, а Бен сега е среќен во реобновената врска со неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Короната и задава главоболки на Премиер лигата: Откажан натпреварот Јунајтед – Брајтон

Следно

Човек пронајден мртов откако беше пријавен за исчезнат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian