Официјални детали од МВР за сообраќајката во Батинци каде загина едно лице

1 min read

На 15.12.2021 околу 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Р.(49) од с.Батинци и патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(26) од с.Батинци.

По несреќата Н.Р. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде била констатирана смрт. А.Х. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Процедура за разбивање камења во урогениталните зони со ласерски уред: Дали некогаш сте слушнале за литотрипсија?

Следно

Ким Џонг Ун: Три средби со Трамп, двајца мртви роднини и нуклеарен арсенал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian