Најлошите животни навики кои прават да се чувствувате постари

3 mins read

Сите луѓе стареат, неизбежен е факт од кој никој не може да избега, но факт е и дека просечниот животен век значително се зголемил во последниве неколку стотици години.

И покрај некои оптимистички, веројатно фантастични предвидувања дека би можеле да го продолжиме нашиот животен век на 120 до крајот на векот, засега можеме барем да се концентрираме на тоа самите да не го скратиме.

Секој од нас влијае на стареењето со одредени избори, а тоа значи дека можеме да го забавиме или олесниме стареењето со поздрав начин на живот.

Ова се животни навики кои според експертите прават да се чувствуваме постари.

Гледате премногу телевизија

Нема ништо лошо ако повремено ја поминувате ноќта гледајќи ги вашите омилени серии или филмови, но не, ако тоа ви е навика.

Истражувањата покажуваат дека гледањето премногу телевизија, особено по 40-тата година, влијае на падот на когнитивните способности и општата психичка состојба.

Многу седите

Седентарен начин на живот прави да се чувствувате постари и психички и физички. Се покажа дека вежбањето ги одржува здрави и мускулите и коските, но исто така важи и за менталното здравје.

Исто така, истражувањата покажаа дека физички активните луѓе се биолошки помлади од оние кои се пасивни или мрзливи и на иста возраст. Седентарен начин на живот го зголемува ризикот од болести поврзани со возраста, но и од рана смрт. Кардио вежбите исто така го одржуваат мозокот здрав.

Спиете нередовно

Квалитетниот сон е еден од приоритетите во борбата против стареењето. Истражувањата дури покажуваат дека средовечните луѓе кои спијат помалку од шест до осум часа имаат пад на когнитивната функција што може да се спореди со четири до седумгодишници.

Дополнително, се покажа дека лошиот сон доведува до побрзо стареење на кожата.

Поминувате премногу време на интернет

Иако интернетот е фантастична алатка за многу работи, можно е да се користи премногу. Корисно е да се намали времето поминато пред екранот бидејќи го забрзува процесот на стареење. Наместо тоа, поминете малку слободно време читајќи или пишувајќи – тоа е поздрава вежба за мозокот.

Лоша контрола на стресот

Животот понекогаш е пребрз, па понекогаш е полесно да ги игнорирате проблемите и стресот наместо да се соочите со нив. Но, постојаното живеење во стрес води до сериозни здравствени проблеми. Исто така, истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес предизвикува побрзо стареење, пишува EatThis.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Леброн Џејмс: Пијам вино речиси секој ден, добро е за срцето

Следно

18-годишник уапсен поради тешка кражба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian