На 112 години почина најстариот Французин: Преживеал две светски војни, но не и коронавирусот

1 min read

Марсел Меј, најстариот Французин, почина во средата на 112-годишна возраст, откако бил хоспитализиран во градот Виена поради корона вирусот.

Живееше во неговата куќа, но му се слошило од коронавирусот и му се влошила состојбата, па го ставиле на кислород, но што ќе правиш и покрај сите напори немало помош, си замина на 112 години, изјавила Никол Боирон, неговата ќерка, за АФП.

Меј бил примен во болница на 2 декември. Роден е во 1909 година и сè уште живеел сам во својата куќа.

– Беше среќен во својот дом, со бистра глава, живееше сам, но имаше помош од социјалните служби, додава Боирон.

Поранешниот возач на брза помош преживеал две светски војни и е вдовец од 1998 година. Тој бил глув и речиси слеп, изјавила неговата ќерка.

По смртта на Меј, титулата најстар Французин би можел да ја земе жител на Ница кој на 6 декември го прославил својот 111 роденден.

Најстарата Французинка има 117 години. Калуѓерката Андре, родена во 1904 година како Лусил Рандон, се зарази со коронавирус во јануари 2021 година, но успешно закрепна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО+ФОТО | Фустан на Антониа Гиговска ставен на аукција: Парите од продажбата ќе бидат донирани на девојка која се бори со карцином

Следно

ВИДЕО | Мицкоски: Немаме мнозинство поради политичката некултура во Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian