Младите фудбалери подобри од врсниците од Косово

1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години славеше против Косово со 1:0 на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Единствениот гол беше дело на Луан Абази во 63. минута. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски беа подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено остварија победа.

„Младите рисови“ создадоа неколку одлични шанси, посебно во првото полувреме, но недостасуваше реализација, додека противникот не направи ниту една шанса.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спасовски: Само бугарските истражни органи можат да споделуваат информации од истрагата за автобуската несреќа

Следно

ФОТО | На 61 година е вистински заводник: Погледнете како изгледа Игнасио од култната серија „Касандра“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian