Металците во победничка серија во АБА2 лигата, го прегазија и Спарс

1 min read

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија петтата победа во шестиот меч во АБА2 лигата откако со 88:77 го совладаа домаќинот на третиот турнир, Спарс.

Ова воедно беше четврта победа по ред за „металците“ и се наоѓаат на второто место на табелата со пет победи и еден пораз, додека лидер е Борац Бања Лука кој има максимален учинок.

„Металците“ сосема заслужено славеа насд Спарс, подобро го отворија натпреварот и со смирена игра и одлична реализација на воиграните акциите првата четвртина ја решија во своја корист до 24:17. Во втората четвртина, по поените на Дејвис, МЗТ Скопје за прв пат имаше и двоцифрена предност (32:22).

На одмор се заминаа со предност од 47:39, но стартот на третиот дел внесе неизвесност бидејќи Спарс направи серија од 2:7 за 79:46. Одговорот на „металците“ дојде преку Стојановски, Крстевски и Рикиќ, по што пресдноста повторно стана двоцифрена (61:50) и до крајот на натпреварот, не му дозволија на противникот се врати во игра. Дастин Вер бепе одличен кај МЗТ Скопје со 26 поени и осум асистенции, додека Роберт Рикиќ постигна 17 поени и Адем Мекиќ даде 12 поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Моментот на сударот на двете возила во Батинци во кој загина едно лице

Следно

ФОТО | Мистериозна смрт во Босна: Мртвото тело на исчезнат пејач пронајдено во хотелска соба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian