Короната и задава главоболки на Премиер лигата: Откажан натпреварот Јунајтед – Брајтон

1 min read

Натпреварот од 18. коло во Премиер лигата кој в сабота требаше да се одигра на „Олд трафорд“ помеѓу Манчестер јунајтед и Брајтон е одложен поради големиот број на позитивни случаи на ковид-19 кај „црвените ѓаволи“.

Натпреварот требаше да игра во сабота со почеток од 13:30 часот, а новиот термин ќе биде одреден дополнително.

„Здравјето на нашите фудбалери и нашиот персонал ни е е приорите. Со оглед на бројот на играчи и помошен персонал кои мораат да бидат во изолација поради коронавирус, клубот немаше друг избор освен да побара одложување на натпреварот. Исто така, сите активности во тренинг комплексот „Карингтон“ ќе бидат откажани на одреден период за да се намали ризикот од пренесување на вирусот“, стои во дел од соошштението на Манчестер јунајтед.

Претходно, Премиер лигата поради зголемениот број на позитивни случаи кај останатите екипи, досега се одложени и натпреварите Барнли – Вотфорд и Лестер – Тотенхем, додека Брентфорд побара одложување на целото коло.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Да се зголеми јавната свест дека со трансплантација на органи од починат донор се спасуваат животи

Следно

Оставете ги моите деца на мира, никогаш не би кажал нешто лошо за нивната мајка! Бен Афлек разјасни што сакал да каже со изјавата за алкохолизмот и Џенифер Гарнер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian