И Хорват си замина од Металург

1 min read

Легендарното крило на хрватската репрезентација, Златко Хорват си заминува од тимот на Металург. Причините за заминувањето се познати, тимот од Автокоманда има финансиски проблеми поради што Хорват одлучи по две ипол години да си замине од Металург.

„Благодарам Злаја за се. Ми беше десна рака, поддршка од првиот ден до денес. Ова не е збогум, само довидување, знаеме и двајцата. Дотогаш среќно во нови животни победи“, напиша претседателката на Металург, Зорица Блажевска на Фејсбук.

Идна дестинација на Хорват треба да му биде Унгарија, односно тимот на Дабас.
Претходно, во текот на сезоната од Металург си заминаа и Рибеиро, Озтурк, Мане, како и Кевин и Оливие Њокас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Мицкоски: Немаме мнозинство поради политичката некултура во Македонија

Следно

Месечина во Близнаци: Доаѓа невидена среќа во љубовта за овие хороскопски знаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian